Се отвора македонски павилјон на Венециското биенале

Во Палатата Зенобио во Венеција денеска свечено ќе биде oтворен македонскиот павилјон во рамките на 53-то Венециско биенале. Македонија на Биеналето ќе ја претставуваат Музејот на град Скопје и Националната галерија. На 6 јуни на церемонија ќе бидат соопштени добитниците на наградата „Златен лав“ за најдобра изложба и павилјон. Педесет и третото издание на уметничкото Биенале во Венеција ќе биде затворено на 22 ноември.