Москва ќе стане член на Светската трговска организација

Европската Унија и Русија денеска се согласија дека барањето на Москва да стане дел од Светската трговска организација треба да се одобри до крајот на годинава. Европскиот комесар за трговија Кетрин Ештон изјави дека договорот бил постигнат за време на нејзината средба со рускиот Министер за економија Елвира Набиулина на маргините на економскиот форум во Петровград.