Закажано судење на американски новинари во Северна Кореа

Во Северна Кореа денеска се одржува судење за две американски новинарки кои беа уапсени во март годинава. Еуна Ли и Лаура Линг, новинарки во американскиот „Курент ТВ“ беа упасени на Севернокорејската граница. Обвинети се за нелегален влез во земјата со „непријателски намери“.Судењето се одвива во услови на заострени односи помеѓу САД и Северна Кореа, откако комунистичката севернокорејска влада спроведе нуклеарно тестирање минатата недела.