Кинеските власти го блокираа центарот на Пекинг

Кинеската полиција и безбедносните сили го блокираа плоштадот Тианмен, спречувајки било каков обид за одбележување на дваест годишнината од разбивањето на демократските протести што се случи на 4 Јуни во 1989 година. Владата и понатаму ја брани одлуката за спречување на демонстрациите, игнорирајки ја забелешката на Соединетите држави, дека властите треба да им дозволат на луѓето да го одбележат настанот. Инаку, во 1989 година тенковите на кинеската армија дејствуваа против студенти и работници кои протестираа во центарот на Пекинг, при што стотици, а според некои проценки и илјадници луѓе беа убиени.