Критики до Вујановик, кој не го покани Сејдиу на самит во Црна Гора

Црногорскиот претседател Филип Вујановик денеска се најде под жестоки критики на партиите на Албанците во Црна Гора поради неповикувањето на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу на самитот на шефовите на земјите на Југоисточна Европа, што денеска се одржува на Цетиње, јави МИА. Вујановиќ, според албанските партии, со тоа не ги почитува одлуките на Владата за признавањето на Косово како независна држава.Претседателот Вујановиќ изјави дека организатор на самитот, покрај Црна Гора се и Советот на Европа и УНЕСКО, како агенција на Обединетите нации, а Косово се уште не е примено во ОН, како и поради фактот дека Црна Гора и Косово се уште немаат воспоставено целосни дипломатски односи. На самитот на Цетиње, што почнува во овие моменти, присуствуваат претседателите на Македонија, Албанија, Словенија, Хрватска, Србија и Бугарија, како и претседавачот со претседателството на БИХ.