Претседателот Иванов на Самит во Цетиње

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе учествува на Самитот на земјите од Југоисточна Европа „Управување со културни разновидности и нивна промоција во туристички цели“, што денеска ќе се одржи во Цетиње, Црна Гора. На Самитот, освен македонскиот, ќе партиципираат и претседателите на Словенија, Хрватска, Србија, БиХ, Албанија, Бугарија, Турција и на домаќинот Црна Гора, како и генералниот директор на УНЕСКО Коичиро Мацура и генералниот секретар на Советот на Европа Тери Дејвис. Според најавите, Иванов во Црна Гора ќе има и повеќе билатерални средби со свои колеги од регионот.