Вицепремиерот Боцевски во Шпанија

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски денеска ќе отпатува за Мадрид, каде што ќе оствари средба со неговиот шпански колега Диего Лопез Гаридо. Боцевски во Мадрид ќе учествува и на конференцијата насловена како „Патот од Скопје до Брисел - предизвиците на евроатлантската интеграција на Македонија“, која е во организација на Фондацијата за меѓународни односи и дијалог .