Можен нов прекин на доставата на гас за Европа

Рускиот премиер Владимир Путин најави дека снабдувањето на Европа со природен гас може да се прекине во текот на Јуни или Јули, доколку Украина не плати за испумпаниот гас во подземните складишта. Во неговото обраќање на прес конференција во Финска, рускиот премиер нагласи дека државната компанија „Газпром“ однапред ќе наплаќа за доставата на природен гас.