Нови избори во Молдавија

Владеачката Комунистичка партија во Молдавија денеска не успеа да добие 61 глас потребни за Парламентот да го одобри претседателскиот кандидат. Со 60 освоени гласа Премиерот Зинаида Грецеани не доби право да го наследи комунистичкиот претседател Владимир Вороњин, кој нема право да се кандидира по трет пат. Согласно уставот на земјата, новите избори треба да се одржат 45 дена откако претседателот ќе го распушти парламентот.