Црните кутии можеби нема да бидат пронајдени

Претставници на француското цивилно воздухопловство изјавија дека црните кутии од авионот на Ер Франс кој исчезна во Атлански Океан можеби никогаш нема да бидат пронајдени. Авионот „Ербас А330“ исчезна во понеделникот со 228 патници и членови на екипажот. Патролите пронајдоа остатоци во водите на атлантикот на 650 километри од бразилскиот брег.