Авганистан соочен со предизвици

Генералот Стенли МекКристал, номиниран од претседателот Барак Обама за командант на американските сили во Авганистан, изјави дека е возможно да се победат талибанските милитанти и екстремисти. МекКристал додаде дека Авганистан е соочен со многубројни предизвици кои и се закануваат на иднината на земјата.