Министерот за одбрана на Грузија во посета на Вашингтон

Министерот за одбрана на Грузија Васил Сикарулиџе денеска пристигна во Вашингтон каде ќе се сретне со американски службеници, меѓу кои и секретарот за одбрана на САД Роберт Гејтс. Тема на разговорите, меѓу другото, ќе бидат и средбите на официјална Москва со грузиски сепаратисти и терористички организации. Грузија исто така забележува дека Русија го зголемува присуството на свои војници во Јужна Осетиа и Абказија, што е во спротивност со примирјето.