Британската влада пред реконструкција?

Британската секретарка за домашни работи Џеки Смит, според новинските агенции, денеска би требало да поднесе оставка поради притискот на јавноста предизвикан од скандалот со трошоците меѓу британските пратеници. Репутацијата на Смит е нарушена уште од пред два месеца кога се појави копија на списокот со нејзините трошоци во која стои дека таа со даночни пари во една видеотека платила два порно филма за нејзиниот сопруг. Според некои најави, премиерот Гордон Браун планирал реконструкција на владата по изборите за европарламентот.