Обама замина за Блискиот Исток

Американскиот претседател Барак Обама замина од Вашингтон за Блискиот Исток. Тој денеска во Саудиска Арабија ќе разговара со Кралот Абдула, а утре во Каиро ќе одржи говор кој се очекува да биде фокусиран врз потребата за подобрување на дијалогот меѓу Соединетите држави и муслиманскиот свет.