Хашките осуденици од Србија да ја отслужат казната дома

Престедателот на српскиот Национален совет за соработка со Меѓународниот трибунал во Хаг, Расим Љаиќ побара од генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун на осудените од Трибуналот да им се даде можност да ги отслужуваат казните во матичните држави. Во писмото Љаиќ вели дека Србија од своја страна дава целосни гаранции дека нејзините граѓани осудени од Тибуналот ќе ги отслужат казните во Србија според сите стандарди и се нагласува дека српските затвори ги исполнуваат сите барања за безбедност.