Преговори САД - Русија за намалување на нуклеарниот арсенал

Денеска во Женева продолжува втората рунда преговори меѓу Русија и САД за нов договор за намалување на нуклеарниот арсенал. Темата на состанокот се преговорите за Повелбата за намалување на стратегиското вооружување, потпишана во 1991-та година. Повелбата истекува на 5-ти декември, а благодарејќи на тој договор, Русија и САД до сега ги намалија своите нуклеарни арсенали за една третина.