Ер Франс влетал во невреме пред да исчезне над Атлантикот

Авион на „Ер – Франс“ со 228 патници исчезна од радар над Атланскиот океан. Контролата на летање изгуби контакт со авионот „Ербас А330“ утрово, непосредно по неговото полетување од аеродромот во Рио де Женеро кон Шарл де Гол во Париз. Ер Франс соопшти дека авионот испратил порака за електичен прекин откако влетал во невреме со грмотевици. Портпарол на бразилското воздухопловство изјави дека потрагата по авионот е во тек.