Иранските власти ја смириле ситауцијата на југо-истокот

Иранските власти соопштија дека безбедноста денеска е подобрена по полициска акција во градот Захедан во југоисточниот дел на земјата. Заменик шефот на полицијата Реза Радан изјави дека во акцијата биле уапсени Сунити и Шиити. Поранешен член на Иранскиот парламент во изјава за медиумите потврдил дека во немирите загинале десет а ранети се над 100 лица.