Над Атлантикот исчезна Ер Франс со 228 патници

Авион на „Ер – Франс“ со 228 патници исчезна од радар над Атланскиот океан. Контролата на летање изгуби контакт со авионот „Ербас А330“ утрово, непосредно по неговото полетување од аеродромот во Рио де Женеро. Портпарол на бразилското воздухопловство изјави дека потрагата по авионот е во тек.