Северна Кореа со нова провокација

Северна Кореа се готви да лансира ракета од долг дострел со најнапредна технологија. Според известувањата на јужно корејските агнеции, ракетата веќе пристигнала во Донгчанг – на северозападниот брег. Северна Кореа, како што се јавува, може да ја лансира ракетата на 16 Јуни, кога јужнокорејскиот и американскиот претседател ќе се сретнат во Вашингтон.