Словенечко - македонска соработка во одбраната

Министерот за одбрана на Република Словенија Љубица Јелушиќ од денеска е во дводневна официјална посета на Република Македонија. На средба со македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски ќе разговараат за процесот на натамошното проширување на НАТО, безбедносната ситуација во регионот и можностите за идно јакнење на одбранбената соработка меѓу двете земји, која се одвива преку голем број заеднички билатерални и регионални проекти. За време посетата министерката Јелушиќ ќе биде примена од претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.