Глобалната рецесија ја губи силата

Американскиот министер за финансии Тимоти Гартнер соопшти дека по се изгледа оти глобалната рецесија ја губи силата, но дека е клучно Соединетите Држави Кина да спроведат економски реформи за да се обезбеди стабилност. Гарнер ова го изјави за време на посетата на Пекинг каде што прецизира дека за Соединетите Држави неопходно е да го држат буџетскиот дефицит под контрола а за Кина да ја засили социјалната, пензиската и здравствената реформа со цел кинезите да се чувствуваат безбедни и да биде зголемена домашната потрошувачка.