Уапсен еден од осомничените за убиството на Иво Пуканиќ

Во Белград е уапсен Жељко Миловановиќ, осомничен за убиството на хрватскиот новинар Иво Пуканиќ, сопственикот на неделникот Национал, неофицијално дознава агенцијата Бета. Хрватската полиција го бара Миловановиќ за убиството на Пуканиќ и на директорот на маркетинг службата во Национал Нико Фрањиќ, а српската полиција го сомничи уапсениот за повеќе разбојништва, јавува Бета.