Опозициска поддршка за претседателската кандидатура на Карзаи

Две поголеми авганистански опозициски партии ја подржаа кандидатурата на претседателскиот кандидат Хамид Карзаи на претстојните претседателски избори во таа земја, закажани во август годинава. Хаџи Мохамед Мохакик, лидер на партијата Хезби Вахдат ја потврди поддршката за Карзаи, одлука која оваа опозициска партија ја донесла по состанокот одржан во саботата.