Израел сака Москва да го убеди Иран околу нуклеарната програма

Шефот на израелската дипломатија Авигдор Либерман утре ќе оди во Москва со цел на на руските лидери да им ја изрази израелската загриженост за иранската нуклеарна програма. Тој треба да се сретне со рускиот претседател Дмитриј Медведев, со премиерот Владимир Путин и со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Израел сака Русија да го притисне Иран да се откаже од неговата нуклеарна програма.