Постра кампања против пушењето во светот?

Денеска е Светски ден против пушењето. Светската здравствена организација покрена кампања со цел произведувачите на цигари да бидат принудени на своите производи да печатат слики и фотографии со јасни предупредувања какви последици предизвикува пушењето врз здравјето на луѓето. Светската здравствена организација соопшти дека од пушењето секоја година умираат над пет милиони луѓе.