Северна Кореја можеби се подготвува за лансирање нова ракета

Разузнавачки сателити откриле движења кои укажуваат дека Северна Кореја можеби се подготвува да префрли уште една ракета со голем дострел до местото за лансирање, соопштија денеска јужнокорејски официјални лица. Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс денеска го предупреди Пјонгјанг дека Вашингтон брзо ќе реагира доколку оваа земја со своите постапки ги загрози САД или американските сојузници во Азија.