Меркел најомилен политичар за Европејците

Германската канцеларка Ангела Меркел е најомилен политички лидер за Британците, Германците, Италијанците и за Шпанците, а следува францускиот претседател Никола Саркози, велат резултатите од истражувањето на јавото мнение што денеска го објави францускиот весник Фигаро. Според истражувањето, за Меркел позитивно се изјасниле 65 насто од испитаниците, а за Саркози 51 процент. По нив најпопуларен е британскиот премиер Гордон Браун со 45 насто, колку што има и шпанскиот премиер Хозе Луис Запатеро. За италијанскиот премиер Силвио Берлускони позитивно миослење имаат 25 насто од анкетираните.