Несреќа во кинески рудник- 25 загинати

Во експлозија на гас во рудник за јаглен во југозападна Кина загинале 25 рудари, а 20 останале заробени внатре, јавува агенцијата Синхуа. Отворена е истрага за причините на несреќата во државниот рудник, кој работи веќе 50 години. Кинеските рудници се сметаат за најопасни во светот и во нив само во минатата година загинале 3 илјади и 200 рудари, повеќето во помали рудници, каде што мерките за безбедност се неадекватни.