Кина ја повикува Северна Кореја да ја прекине нуклеарната програма

Висок претставник на кинеската армија ја повика Северна Кореја да ја прекине својата нуклеарна програма. Вториот човек на генералштабот Ма Чаотијан изјави дека корејскиот полуостров мора да се ослободи од нуклеарното оружје, повикувајќи ја меѓународната заедница на умереност кога се во прашање нуклеарните активности на Пјонгјанг. Кинескиот генерал ова го изјави пред учесниците на регионалната конференција за безбедност, која се одржува во Сингапур, а меѓу учесниците е и американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс.