Откриен радиоактивен материјал на словенечко- хрватската граница

Словенечките цариници на преминот „Брегана“ на границата меѓу Словенија и Хрватска во еден камион со босанско- херцеговски регистарски таблички откриле буриња со радиоактивен материјал. Како што соопшти словенечката полиција, на камионот му е забранет влез во Словенија и тој е вратен во Босна и Херцеговина.