Оглас за давање под закуп државно земјоделско земјиште

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ денеска објавува оглас за давање под закуп 17 хектари државно земјоделско земјиште во Ресен. Право да аплицираат имаат домашни физички и правни лица, како и странски правни лица. На огласот не може да се пријават лица кои се уште не го платиле закупот по претходно склучените договори, правните лица за кои е отворена стечајна постапка и непрофитни организации. Денешниот оглас е прв годинава од предвидените осум за околу 35.000 хектари површина. Лани беа објавени 12 огласи за вкупно 10.350 хектари.