Седница на македонско- украинската комисија за економска соработка

Денеска во Охрид ќе биде одржана пленарна седница на Мешовитата македонско- украинска комисија за економска соработка и за спроведување на Договорот за слободна трговија со Украина. Предвидено е и потпишување на Протокол и Одлука на Мешовитата комисија за натамошна либерализација на трговијата.