Во Долнени Меѓународен фестивал на народни инструменти

Со традиционално дефиле на учесниците низ центарот на Прилеп, денеска ќе почне 35. Меѓународен фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски”. Околу 300 учесници од сите краишта на Македонија, од Србија, Словенија и од Канада викендов на Рудина кај Долнени ќе ја покажат својата умешност на кавалот, гајдата, на зурлата и тапаните и во изведбата на изворните песни. Утре попладне ќе бидат прогласени и најдобрите изведувачи на фестивалот.