Северна Кореја истрела нова ракета од краток дострел

Јужно корејската агенција Јонхап јави дека Северна Кореја денеска истрелала уште една ракета од краток дострел 6 по ред откако во понеделникот Пјонгјанг изврши нуклеарна проба. Денеска Северна Кореја се закани со дополнителни мерки за самодбрана доколку Обединетите Нации решат да спроведат санкции поради неодамнешната нуклеарна проба. Во Советот за Безбедност моментално се разгледува одговорот на севро корејската провокација. Вчера американските и јужно корејските сили ја подигнаа воената готовност на највисоко ниво од 2006 година.