Америка е виновна за масакрот, обвини локален ирански фунционер!

Локален функционер од Захедан во Иран ги обвини Соединетите држави дека ги најмиле тројцата напаѓачи обвинети за денешниот бомбашки напад во Џамија во близина на иранската граница со Авганистан и Пакистан при што загинаа 19, а се ранети 125 лица. Захедан е главен град на иранската провинција Систан - Балучистан во која владее безаконие и каде има судири меѓу полицијата и банди криумчари.