САД бараат Израел да го запре населувањето во Западниот брег

Американскиот претседател Барак Обама побара од Израел да гo запре населувањето во Западниот брег, како што е предвидено во граничниот договор од блискоисточниот мировен процес, а од Палестинците исто така да ја споделуваат својата одговорност за безбедноста во Западниот Брег. Обама ова го изјави по средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас, до која дојде откако Израел го отфрли американскиот план за замрзнување на градежните зафати во еврејските населби во Западниот брег.