Русија смета дека е рано да се говори за санкции за Северна Кореја

Русија нема да се противи на усвојување на нова резолуција во Советот за безбедност на ОН за Северна Кореја, но смета дека е премногу рано да се говори за нови санкции, изјави денеска портпарлот на руското министерство за надворешни работи Андреј Нестеренко. Не ни е потребен говор за санкции, потребна ни е воздржаност и трпение, рече Нестеренко. Инаку, американските и јужнокорејските сили поради тензиите со Северна Кореја која имено неодмна повторно изврши нуклеарна проба, се ставени на највисок степен на готовност.