Иран ги зголемил капацитетите за збогатување ураниум

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, денеска изјави дека Иран ги зголемил своите капацитети за збогатување ураниум. Тој наведе дека минатиот месец Техеран имал околу седум илјади центрифуги во постројката за збогатување на ураниум во Централен Иран, што е за илјада повеќе отколку што земјата имала во текот на февруари.