Продолжуваат протестите на опозицијата во Грузија

Опозиционите демонстранти во Грузија и денеска ги продолжија протестите, барајќи оставка од претседателот Михаел Саакашвили. Од девети април опозиционите активисти се собираат во центарот на градот секој ден, барајќи оставка од Саакашвили кого го обвинуваат за лошо раководење на минатогодишната војна со Русија, како и за зголемување на автократското владеење.