16 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Бугарија

Најмалку 16 лица загинаа, а околу 20-тина се повредени во сообраќајна несреќа што денеска се случи во близина на градот Јамбол, на југоистокот од Бугарија. До несреќата дошло откако возач на автобус ја изгубил контролата над возилото, најверојано бидејќи откажале кочниците и удрил во група пешаци. Властите во Бугарија за утре прогласија ден на жалост.