Прерано е за резултати од новата стратегија за Авганистан и Пакистан


Белата Куќа соопшти дека се уште е рано да се каже дали новата стратегија на американскиот претседател Барак Обама за Авганистан и Пакистан е делотворна. Според советникот за безбедност Џејмс Џонс, тоа ќе се знае во рок од една година. Тој ги пофали напорите на пакистанската влада во справувањето со талибанските милитанти во Долината Сват.