Сејдиу не доаѓа во Македонија

Фатмир Сејдиу - Претседател на Косово

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу ја откажа за утре најавената посета на Македонија. Причината е промената на карактерот на посетата.
Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу ја откажа посетата на Македониа, која беше закажана две недели по инаугурацијата на претседателот Ѓорѓе Иванов на која косовскиот колега не присуствуваше бидејќи свесно или не, Сејдиу не беше на списокот поканети гости како што тоа беше случај со останатите претседатели од регинот. На крстопатот меѓу Белград и Приштина, официјално Скопје се обидува да гради добрососедски односи со двете земји.Токму ваквата топло-ладна политика на Македонија создава повремена нервоза во Србија и Косово. На вакавта политика на македонските власти, домашните аналитичари сугерираат да се биде внимателен при правањето на одредени чекори кога се во прашање овие две соседни земји.

„Во насока на подобрување на односите со сите свои соседи, би требало наскоро да се пристапи кон официјално воспоставување на дипломатски односи, со новата држава. Согласно политиката не би требало да се влошуваат односите со Србија, односно би требало да се изнајде баланс во односите и со двете држави.“

вели универзитетскиот професор Васко Наумовски. Обидувајќи се да балансира, Македнија одлучи да се држи настрана во однос на
Согласно политиката не би требало да се влошуваат односите со Србија, односно би требало да се изнајде баланс во односите и со двете држави тужбата на Србија пред хашкиот суд за правда каде што таа бара поништување на косовската независност.

„Во тие наши меѓусебни односи со Србија, го игнорираме фактот дека сме го признале Косово. Но, во секој случај мислам дека нашата дипломатија треба да ,,игра“ претпазливо. И за српската дипломатија е јасна потребата на Македонија да одржува добри дипломатски односи со Косово, поради структурата на населението во Македонија.“

оценува аналитичарот Алберт Муслиу. За аналитичарите во Приштина тактизирањето со вопставување дипломатски односи меѓу Македонија и Косово е разбирлово особено откако Белгарад бурно реагираше на одлуката на Официјално Скопје да ја признае косовската независност. Македонија беше 50-тата земја која во октомври минатата година ја призна независноста на Косово. По престојот на косовскиот претседател во земјава, во Скопје ќе допатува и претседател на Бугарија. Со овие средби со своите колеги, македонскиот претседател сака уште еднаш јавно да ја демонстира својата заложба за продлабочување на партнерство со соседите.