15 цивили повредени при експлозија во Ирак

Најмалку 15 цивили биле повредени денеска при експлозија на автомобил бомба во близина на здравствен комплекс, западно од Багдад. Ирачката полиција соопшти дека автомобилот-бомба бил паркиран во област во која биле стационирани повеќе клиники во ирачкиот град Абу Граиб. Засега не е соопштено дали има и загинати.