Убиен авганистански гувернер и неговите три сина

Авганистански гувернер и неговите три сина биле убиени откако талибанските бунтовници го нападнале нивниот конвој. Полицијата соопшти дека гувернерот од авганистанската провинција Пактика Мухамед Надер и неговите синови биле убиени, додека патувале во област во близина на границата со Пакистан.