Пакистанската армија убила 12 милитанти во Долината Сват

Пакистанските безбедносни сили соопштија дека убиле најмалку 12 милитанти во текот на операцијата против талибанците во северозападната Долина Сват. Во борбите со бунтовниците загинал и еден војник, а тројца се повредени. Пакистанската армија води битки со талибанските милитанти во градот Мингора во областа Сват и соопшти дека очекува дека за два-три дена градот ќе биде ,,исчистен“ од бунтовниците.