Хуманитарните проблеми во светот се поголеми


Меѓународниот комитет на Црвениот Крст соопшти денеска дека имал рекордни трошоци во минатата година поради растечките хуманитарни проблеми во светот. Најмногу пари биле потрошени за помош во Судан, Сомалија, Ирак и Авганистан, како и за палестинските територии и Шри Ланка. Црвениот Крст дистрибуирал околу 121 илјада тони храна, што е двојно повеќе во однос на 2007-ма година.