159 настрадани во циклонот во Индија и во Бангладеш

Во Циклонот што ги погоди источна Индија и Бангладеш, според официјални податоци, досега настрадале 159 луѓе. Силата на циконот се намалува, но продолжуваат силните дождови кои предизвикуваат и лизгања на земјиштето. Десетици илјади луѓе се евакуирани на побезбедни места.