Тестирањата на Северна Кореја неприфатливи

Северна Кореја ќе ,,плати цена“ доколку продолжи да врши нуклеарни и ракетни тестирање, изјави денеска Сузан Рајс амбасадор на Соединетите Држави во ОН. Доколку сака да ја провоцира меѓународната заедница Северна Кореја ќе свати дека ќе плати цена затоа што ставот на меѓународната заедница е јасен: Тоа е неприфатливо, изјави Рајс. Советот за безбедност на ОН едногласно ја осуди севернокорејската нуклеарна проба и најави нова резолуција.