Дополнителни напори за заздравување на глобалната економија

Дополнителни напори ќе бидат потребни за да и се помогне на глобалната економија да излезе од кризата, најлоша од времето на Големата Депресија во 30-тите години на минатот век, е заклучокот од состанокот Азија-Европа што се оддржа во Ханој во Виетнам. Министрите за надворешни работи од Азија и Европската Унија во рамки на дво-дневниот состанок исто така ја нагласија важноста од натамошни проактивни политички активности за заздравување на економијата.